ДЕЛ 2

ЦЕЛ БЕЗ ПЛАН Е САМО НЕОСТВАРЕНА ЖЕЛБА!

Процесот на планирање е суштински едноставен и општо познат и вклучува неколку основни клучни елементи кои се всушност применливи за секаков вид активности како што се купување на намирници или организирање на роденденска забава – во случајов со вклучена младинска размена!

За да планирате нов проект, требасосигурност да го утврдите одговорот на следниве прашања:

ЗОШТО? – прашање кое секогаш нè мачи, но исто така ја рефлектира нашата ГОЛЕМА ИДЕА, нашите визии, нашите цели,  нашата перцепција да донесеме позитивни промени во деновите што доаѓаат.

ШТО? – да, идеите можат да бидат прекрасни, но честопати можат да бидат премногу широки и нејасни. Тие треба да станат јасни, сеопфатни и цврсти; тие треба да бидат конкретни и применливи во реалниот живот. Поставувањето на вашите ЦЕЛИ се претвора во еден од клучните приоритети во вашата работа.

КАКО? – зборовите никогаш не се доволни! Како можеме да ги впрегнеме соништата во АКЦИЈА? Како можеме да ја оствариме нашата визија?

КОЛКУ? – пари, пари, пари! Сите сакаме да бидеме идеалисти, но сите можеме да се согласиме дека … ако нема пари, нема музика! БУЏЕТОТ е подеднакво важен и треба добро да се управува за да се дојде до успех.

ШТО ПОСТИГНАВТЕ? – кои критериуми ги следевте при ПРОЦЕНКАТА на вашето ниво на успех? Со едноставни зборови… колку сте задоволни од постигнатото и како го измеривте нивото на успех?

ТАЈНА КУТИЈА

„Не зборувај за нас без нас!“ – вклучете ги крајните корисници во процесот на планирање!

Земете воздух- не е толку комплицирано како што изгледа! За да се фокусираме на темата и да ја прилагодиме на потребите на овој пакет со алатки, ќе одиме чекор по чекор преку планирање на младинска размена. Во нашиот случај, ќе го искористиме примерот на „Меѓународна обука на младински активисти“, со оглед на тоа што меѓународен проект за Младинска размена би можел да биде со поголеми очекувања во споредба со локален или национален проект особено кога станува збор за практични работи и истиот ќе ни помогне во расветлувањето на некои нејасни сегменти од самиот процес.

Значи … кога зборуваме за „планирање“, што точно мислиме? Пред да почнете да кревате паника од сите овие идеи, прашања, задачи и обврски, да си олесниме и да ги поделиме во три главни фази:

ПОДГОТОВКА: (а) работите што ги правите или времето што го поминувате подготвувајќи се за нешто, (б) планови или аранжмани што ги правите за да се подготвите за нешто – ова не сме ние! Тоа е речникна Кембриџ! Зборувајќи за младинска размена ..… земете во предвид дека ја отворате Пандорината кутија. Таа седи и ви мавта од аголот, бидејќи се работи на тешки проекти и има многу сегменти на кои треба да се посвети внимание!

2. ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА: Малку да се зборува побргу да се работи! Добро е да се зборува, но тоа не е доволно. Што би решиле да споведете во пракса во Вашата организација?

3. ПОСТ-ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ: завесата се спушта, но претставата се уште не завршува! Откако ги преживеавме претходните две фази, сега е време за анализа! Значи … да почнеме од нула! Следете не!

57%