F. Бидете МУДРИ!

Бидејќи вашето дрво на проблеми веќе е на повидок, погодете што! Време за уште малку… истражување!Иако овој пат, нема да се концентирате на длабинско копање туку на времетраењето!

Време е да го трансформирате вашето дрво со проблеми во дрво со поставени цели; преформулирајте ги сите негативни услови што веќе ги наведовте претходно, но овој пат трансформирајте ги во позитивни изјави. Не грижете се ако сметате дека директниот превод од негативна во позитивна изјава нема смисла – тое не се однесува на вас.Се случува цело време и ви треба малку да ги преформулирате.

Целта на овој нов процес е да ги трансформира проблемите во цели, причините во специфични цели и последиците во резултати во врска со самиот проект или барем очекувани ефекти.




Source: Internal

ОВА СМЕ НИЕ!

Младинските организации многу често немаат доволно капацитети за успешно справување со прашања како што се дискриминација, нетолеранција и процес на помирување, затоа целта исто така може да се дефинира како: градење на капацитети на младински организации за справување со  прашањата од областа на дискриминација, нетолеранција и процес на помирување во регионот.

Да сметаме дека во нашиот пример ќе ги избереме следниве идеи:

Source: Internal

Сега погледнете го вашето ново дрво и, доколку е потребно:

направете уште некои промени во формулирањето на специфични цели и резултати како би се вклопиле во вашата идеја или пак би можеле да сеискористат во поширока смисла,

● исфрлете ги оние што не се чинат логични или во согласност со вашата идеја и

● по можност додадете некои нови.

Крајниот изглед на вашето дрво на цели треба да ги задржи основните односи („ако А, тогаш Б“): ако ги спроведувате сите предвидени чекори (цели), тие ќе ве доведат до целта и вашиот проект ќе произведе некои резултати, т.е. промени во општеството.

Сликата подолу претставува добро структуриран план – дрво на цели.


Source: www.slideteam.net

Поставувањето на вашите крајни цели и задачи треба да следи одредени правила со цел да постигнете успех. Тие треба да бидат мудри(SMART)! Всушност … мислевме на С.М.А.Р.Т. – највредното правило во поставувањето на целите! Дали сте љубопитни во врска со овој акроним? Да погледнеме:

Source: Hydrate Marketing “The Importance of Setting SMART Goals”

And now…

IT’S WATCH O’CLOCK!

Source: FlikliTV “Achieve More by Setting Smart Goals”

55%