Го искусивте чувството да сте во првите борбени редови преку пишување предлози за проекти, подготовка и имплементација на проекти, и подготвени сте среќно да уживате во резултатите и да се придвижите напред за да ја освоите следната територија!
Без оглед на тоа колку сериозни грешки сте направиле низ вашето патување, едно е сигурно: вие сте неверојатно побогати… метафорички кажано! Искуството е вашето богатство и време е да го претворите во чисто злато: знаење, вештини и капацитети! Сега знаете како да ги избегнете помалку пријатните делови од пишувањето предлог-проекти и дефинитивно сте позрели и подготвени да го примените ова знаење за следниот проект.

Минатото е минато и како реката, никогаш не се враќа. Како и да е, иднината е пред вас, ве чека, подготвени да ги поздравите вашите идеи и иницијативи. Сега е време да размислиме за она што се случило, да ги анализираме деталите и да ги претвориме во корисно знаење! Погледнете некои од начините како да го направите тоа:
- ЧЕКОР 1: запишете сè што помина добро, сите убави моменти кои течеа непречено и доведоа до посакуваните резултати и кои не наидоа на некои посериозни пречки. Внимавајте да водите белешки за сите добри практики што ги применивте, за да можете лесно да ги следите следниот пат и да ги повторите. Ако има доволно простор за тоа, обидете се дури и понатаму да ги развивате – надополнете ги!
- ЧЕКОР 2: соберете го сето тоа за кое сметате дека можеше да биде реализирано поинаку, моментите кои не ги поминавте најдобро како што очекувавте. Правењето грешки е дел од процесот и единствениот начин да се подобриме и да постигнеме каков било напредок. Направете чекор назад, преиспитајте ги незгодните моменти, направете ги потребните измени или целосно исклучете ги доколку е потребно.
Во овој процес не сте сами! Се држите рака под рака со искреноста и објективноста. Бидете подготвени да дадете вистински и искрени одговори на овие прашања:
ШТО тргна наопаку и КАКО би го смениле тоа во иднина?
КАКО реагиравте на неуспешен момент?
ЗОШТО реагиравте вака и КАКО би ја смениле реакцијата?
КАКО заврши конкретната ситуација и КАКО може истата да добие поинаков крај?
Давањето јасни одговори на овие прашања и на сите други што би можеле да се појават, ќе Ве подготват во иднина да ги избегнете истите грешки и веднаш да ги зголемите вашите шанси за успех во некој иден предлог проект за младинска размена!