A. Комуникацијата е клучот за успехот!

Кога станува збор за управување со проекти, не можете да работите сам! Еден од најважните елементи за успех на вашиот проект е К-О-М-У-Н-И-К-А-Ц-И-Ј-А, бидејќи ова е клучот за секоја добра и здрава релација! Ефективната тимска работа започнува и завршува со интеракција, бидејќи тоа е мостот помеѓу нејасното и јасното.

Сепак, комуникацијата значи исто така да се даде поддршка на некого,  да се разберат непредвидливите проблеми, значи активно информирање и вклучување, да се биде во контакт со некого и свесен за вистинските предизвици на проектот. Да се биде присутен, видливи активно вклученво општење со секого, во било кое време, и во добро и во лошо! Станува збор за зборување, слушањеи разбирање на целосната порака која што се пренесува! Станува збор за јазикот што го користите, вистинскиот тон за пренесување на пораката, говорот на вашето тело. Со други зборови, мора да знаете на кој начин зборувате со Вашите луѓе!

IT’S WATCH O’CLOCK!

Bad communication be like:

Source: Rainier Dicang Dumawa Jr “Funny Moments (pass the message)”

За да го избегнете сиот овој…. хаос, треба да бидете слуга на двајца господари: применете силни комуникациски вештини и користете ги вистинските алатки за да ги вклучите сите партнери во игра!

  • Зборување за вештини

Можеме да продолжиме да зборуваме со денови! Можеме да напишеме цели книги на оваа тема! Одлучивме само да ви дозволиме да фрлите око на основите кои се алфа и омега на успешните комуникациски вештини:

  1. Слушај. Слушај Слушај. И така се до вечноста! Слушајте го вашиот тим, добрите и лошите работи, лесните и тешките. Тоа е единствениот начин длабоко да се разберат проблемите, да се побара излез, да се избегнат ќорсокаците!
  2. Изберете ефикасност наместо брзина. Изберете ја вистинската патека над непотребните кругови! Направете претпазливи чекори наместо да брзате наоколу, дури и ако ова трае малку подолго! Бидете трпеливи – сетете се на басната на Езоп за желката и зајакот!
  3. Поставувајте прашања. Влезете во огнот и поставете важни прашања: дали сите ги разбираат целта и задачите на проектот? Дали се свесни за роковите? Дали се потребни било какви упатства или помош? Имајте на ум дека понекогаш луѓето се срамат и се плашат да ги споделат своите стравови и тешкотии!
  4. Покажете многу почит! Како што претходно рековме, се работи за човечки релации. Бидете љубезни и однесувајте се добро кон вашиот тим, за да го добиете најдоброто од тимот за возврат!
  5. Држете ги конците во Ваши раце! Имајте на ум дека како водечка организација постојано треба да внимавате на вашите партнери и нивната подготвеност да се справат со дадените задачи во предвидените рокови. Следењето и надзорот на работата на вашиот тим е исто толку важно како и сите други одговорности што ги превземате!
  • Околу алатките

Интерната комуникација, имено комуникацијата со вашите партнери, може да биде помогната од неколку алатки кои дефинитивно ќе ви го олеснат животот и ќе ви помогнат да уживате во целосниот потенцијал на вашите партнери. Алатките можат да бидат поделени во две главни категории кои совршено функционираат  заедно и секоја од нив може да испорача одлични резултати потребни за успех во комуникацијата. Да погледнеме подетално!

  • Директна комуникација: што може да биде поефикасно од средба со луѓе, дискутирање лице в лице, подобро запознавање? Организирајте подготвителни состаноци со целиот тим (вие и вашите партнери), или ако е можно уште неколку членови на вашите различни работни групи, по можност секоја од нив интерно да ги организира работните детали. Ова значително ќе ви помогне во:
  • делегирање на понатамошни задачи и следење на подготвителните активности;
  • решавање на потенцијални проблеми и известување за проблеми или други пречки;
  • уредување на сите други аспекти на подготвителната фаза.
  • Електронска комуникација: со помош на технологијата се станува толку лесно!! Интернетот нуди различни опции и корисни алатки за управување со проекти. Затоа, не заборавајте да:
  • го  дефинирате вашиот канал за комуникација – изберете нешто што не е многу комплицирано како би можеле и Вашите партнери да се чувствуваат комфорно при неговото користење
  • изберете платформа за споделување документи – на овој начин сите релевантни документи ќе бидат на едно место и сите партнери ќе имаат лесен пристап.
  • Користете е-пошта – „scriptamanent“, поштедете се од недоразбирања и „празнини на меморијата“! -телеконференции – не, ова не е само за стари лица! Не заборавајте да водите записници од состаноците и истите да ги споделувате со учесниците!
Source: QuoteMaster “Quotes about English Communication (45 quote)”
62%