Д. Дали проектот “држи вода” ? – СИМУЛАЦИЈА НА ЕВАЛУАТОРИ

Доаѓајќи до оваа точка, вие дефинитивно доживувате чувство на задоволство и исполнетост од напорната работа и труд што ги вложивте заедно со вашите партнери и членови на тимот. Сепак, постои голем ризик дека толку многу се соживувате со Вашиот проект, што престанувате да бидете објективни и искрени за неговата ефикасност. Понекогаш забораваме прво да го исушиме мочуриштето, па кога ќе почнеме да се давиме во кал, ни текнува дека сме можеле да се спасиме. Дали има некој начин на кој може да се избегне долгорочно разочарување од евалуацијата? Па … има!

Сега е време да се повлечете малку од вашата жед за успех и да се обидете да се ставите себе си на местото на Вашиот иден евалуатор – лицето кое треба да го процени вашиот предлог проект и да одлучи за неговата судбина. Постојат широк спектар на начини да се помине низ овој процес – од кои едниот е ангажирање на професионален консултант, но … дали навистина имате ресурси за тоа? Вие и вашите партнери веќе сте силна група, насочена кон истата цел: прифаќање на предлозите! Она што сега треба да го направите е повторно да го разгледате вашиот предлог и да се обидете да го оцените преку очите на вашиот евалуатор.Најдобрата алатка за употреба е веќе поставениот метод за бодување од страна на вашиот донатор! Обидете се да го примените овој метод во Предлог содржината, видете кои се вашите слаби или силни страни и направете ги потребните подобрувања. Доколку не постои таков водич за бодирање,тогаш обидете се да го оцените вашиот предлог со истражување на трите најзначајни фактори на вашиот проект: ПРОЦЕС, ВЛИЈАНИЕ и ИСХОД.

Пред да се најдете изгубени во простор и време, обидете се да ги примените петте критериуми за оценување што ќе укажат на нивото на успех на вашиот предлог:

  1. Релевантност – колку е важен вашиот предлог за целите на донаторот?
  2. Ефикасност – колку добро им служи на приоритетите на донаторот?
  3. Ефективност – колку е веројатно да ги донесе посакуваните резултати?
  4. Влијание – до кој степен ќе влијае на вклучените групи?
  5. Одржливост – колку долго очекувате да траат резултатите и како ќе ги зачувате?

Се разбира, овие се сметаат како наслови на процесот – или почетна точка ако сакате, главно се однесува на содржината што сте ја споделиле во вашата апликација. Дефинитивно има голем број други прашања што ја пополнуваат  сложувалката:

  1. Дали соодветно реагирате на барањата на формуларот за апликација?
  2. Дали сте јасни и прецизни во одговорите?
  3. Дали ги нудите сите потребни детали за да ги објасните вашите планови?
  4. Дали ги исполнува барањата, приоритетите и целите на вашиот донатор?… и списокот продолжува.

…and the list goes on.

In order to do the task correctly, try to follow this simple process:

  • ЧЕКОР 1: поделете го вашиот тим во мешани групи (по можност членови од различни партнерски организации)
  • ЧЕКОР2: поделете го формуларот за апликација во делови, во согласност со содржината (пр. Опис, цели и задачи, активности, буџет, резултати и исход, следење и сл.).
  • ЧЕКОР 3: назначете го секој еден дел од апликацијата на една група (по можност на група што не била масовно вклучена во развојот на овој дел од апликацијата).
  • ЧЕКОР 4: замолете ги групите да ги проценат своите делови од апликацијата според критериумите што сте ги поставиле и споделете повратни информации за подобрување (би било корисно ако претходно одлучите за методот на бодување како група, во случај да не го обезбеди донаторот) .
  • ЧЕКОР 5: соберете се повторно како тим, поминете низ резултатите и повратните информации и направете ги потребните подобрувања во вашата апликација.Овој процес може да биде прилично тежок и предизвикувачки и за него дефинитивно треба многу сила и објективност.

Овој процес може да биде прилично тежок и предизвикувачки и за него дефинитивно треба многу сила и објективност.

Интегрирање на самоевалуација во развојот и управувањето на еден проект бара одредени ставови и вештини, во суштина
· Посветеност на промените и развојот;
· Подготвеност да се биде отворен и самокритичен;
· Решеност да се постигнат практични резултати;
· Решеност да се постигнат практични резултати;
· Компетентностприсамоевалуација.
Source: European Commission – Guide to Project Self-Evaluation for Project Promoters

Настапете храбро!

24%