D. МЛАДИНСКИ РАЗМЕНИ-Сет од алатки!

Дали некогаш сте го пробале тоа? Или сето ова Ви е непознато? Без оглед на тоа каков е одговорот, слободно дозволете си да уживате во оваа корисна алатка која ќе ви даде практични информации, корисни сугестии, предлози и други совети и идеи за да го остварите својот сон!

Заборавете на комплицирани упатства и еднолична досадна теорија!

Време е за едноставни поими и просветлувачки примери кои ќе ви ја олеснат и направат работата интересна, ќе ви овозможат да ја впрегнете вашата креативност во исполнувањето на Вашата визија!

Сетот од алатки “Младинска размена” ги содржи сите елементи кои помагаат на Вашата организација успешно да спроведе младинска размена и со тоа да придонесе за градење мир и помирување помеѓу постконфликтните земји и земјите во кои се уште има латентен конфликт. Време е да блеснете и да оставите свој белег во креирањето промена!

Овој пакет алатки ве води од самиот почеток на планирањето на процесот на младинска размена – дефинирање на проблемите што се обидувате да ги решите и обликување на идејата за превземање на акција за нивно решавање – и во текот на целиот процес на планирање на вашиот конечен проект – пакетот алатки предвидува подготовка, имплементација и следење. Исто така, ги открива скриените пречки и можните ризици за време на реализација на  проектот за младинска размена, и согласно истите ќе ви понуди совети за тоа како да ги подобрите ефектите од вашиот проект, како да обезбедите одржливост на резултатите и да го претворите искуството во солидно знаење – најкорисното средство за успех во иднина!

51%