Поглавје 2: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА-ВДАХНУВАЊЕ ЖИВОТ!

A. Како да стигнеме- Каде да се засолниме

Планирањето на логистиката поврзано со транспортотна учесниците понекогаш може да биде многу тешка задача. Некои од нив може да патуваат со авион, некои со воз или со автобус, некои може да пристигнат еден ден порано, а некои може да дојдат само половина час пред отворањето на настанот! Како би можеле да одржиме контрола во вакви услови?

  1. однапред информирајте се од учесниците за нивните аранжмани за патување, за да можете да избегнете непријатни изненадувања во последен момент.
  2. организирајте пречек за учесниците. Назначете член на тим или волонтер да ги пречека на станица или аеродром со логото на Вашата компанија или пак името на проектот. Имајте на ум дека повеќето од нив пристигнуваат во, за нив, странска земја, каде непознатата околина може да предизвика одреден стрес или непријатност.
  3. договорете го нивниот транспорт до локацијата на настанот.

ОВА СМЕ НИЕ!

Внимавајте на можните специфични услови за организирање на младинска размена меѓу одредени општества (на пример, помеѓу Србија и Косово): дали на учесниците им требаат визи или друга документација, дали има комплицирани процедури во врска со протокот на средства итн.

Од друга страна, аранжманите за сместување исто така можат да бидат предизвик сами по себе. Триесет или повеќе учесници, сите странци едни на други и ограничениот буџет (во повеќето случаи) го отежнуваат склопувањето на сложувалката. Сепак, овој процес треба да се насочи на решавање на две главни задачи:

  1. Каде ќе ги сместите учесниците? Конференциски центар или просториите на вашата организација може да бидат соодветни за реализација на вашата агенда за Младинска размена, иако тоа значи дека треба да најдете хотел, хостел или друго место за да го организирате ноќевањето на вашите учесници. Доколку е ваква организацијата на настаните која ја замислувате, проверете дали има достапен и фреквентен превоз до и од местоте каде би биле сместени учесниците, дали е во непосредна близина и дали однапред би ги известиле учесниците за овие детали, за да бидат подготвени на овој начин на работа. Од друга страна, ако вашиот настан се случува во хотел цело време, целата организација би била полесна, зарем не?
  2. Како ќе ги распределите гостите по соби? Поделбата на учесниците во ограничен број на соби простории може исто така  да биде предизвик. Освен ако не поканите повеќе од еден учесник од истите организации, учесниците нема да се познаваат едни со други и престојот во иста соба со непознато лице може да претставува голем ризик! Внимавајте на спојување според пол – не е препорачливо мешање на половите- појдете од возраст како индикативен критериум. Секогаш при рака имајте план Б – нешто како резервна соба или дополнително место за еден – со цел да ги поправите непредвидените ситуации и поплаките на цимерите! Патем ‘рчењето е непријател број еден на соживотот!

Време е да ги пречекаме вашите учесници и да се подготвиме за првиот ден од проектот за младинска размена!

79%