A. Терминолошки асоцијации!

Помирувањето како термин, во многу случаи, се покажал како повеќедимензионален, кој во текот на прoцесот се претвора во поопширна идеја. Вообичаено се однесува на индивидуални спорови или конфликти меѓу областите, регионите и земјите, и навистина звучи како нешто свето кое шири мир и спокојство од внатре нанадвор. На моменти е толку сложен што може да се поистовети со актот на ослободување од гревови(!), опоравување од финансиски проблеми или обновување на личните односи! И што уште не!

Ако се обидеме да одиме според книга – а книгите на Оксфорд се дефинитивно материјал на кој можеме да му веруваме – помирувањето, теоретски, е она што го гледаме во индивидуата на  г-дин Џекил и г-дин Хајд: „обновување на пријателските односи“ од една страна и од друга страна „дејствие во кое едно гледиште или сваќање го правиме компатибилно со друго “. Можете да го наречете на било каков начин: обединување, резолуција, решавање, санирање, договор, компромис, разбирање, мир, пријателство, решавање на спор, усогласување, прилагодување, балансирање итн…

Ако сепак се обидеме да го поставиме терминот во поширока перспектива, помирувањето може да се опише како договор меѓу спорните страни во врска со било каков вид на спор или непријателство. Дали е ова навистина длабоко колку што изгледа? Листата на зборови кои се тесно поврзани со помирувањето и неговите основни елементи се исто така: доверба, вера, хармонија, единство, почит, простување, нормала, прифаќање, толеранција…

10%