C. СЕ Е ВО МЛАДОСТА -Разменете ја меѓусебно!

Младински размени е модел на функционирање на младите кој овозможува ефективна културна размена меѓу нив, запознавање со другите национални традиции, учење нови компетенции, знаења и вештини и зајакнување на социјалната инклузија. Тие им даваат шанса на младите луѓе од различни земји да се сретнат, разменат искуства, да се запознаат едни со други и да учат едни од други користејќи различни методи на неформално и формално образование. Најважните сегменти при ваквата размена е меѓукултурното опкружување кое придонесува за кршење на стереотипите и предрасудите, и градење на ставови на младите за одредени феномени во општеството како и усвојување на вредности засновани на отвореност, толеранција и прифаќање на разликите. Учесниците во младинските размените доаѓаат од нивните локални контексти и се враќаат во нивните заедници збогатени со меѓународно и интеркултурно искуство, ново знаење, контакти, идеи и мотивација да работат на промени во сопственото опкружување.

IT’S WATCH O’CLOCK!

Source: MOOC on Erasmus+ “Massive Open Online Course (MOOC) about Erasmus+ Funding

Иако размените на младите меѓу земјите кои неодамна поминаа низ одреден конфликт може да го забрза процесот на помирување и да создаде можност за креирање на одржлив мир, таа е ретка и случајна; дури и кога ќе се случи, истата често останува неструктурирана и води кон лоши или дури и непосакувани резултати. Една од главните причини за тоа е недостаток на капацитети на главните засегнати страни за да истата реално профункционира. Целта на овој проект е да се иницира младинска размена од чувствителните региони зафатени од пост-конфликтниот период и оние каде конфликот е во латентнаформа на територијата на Европа, како што се Србија и Косово, и да ги зајакне капацитетите на младинските организации.

50%