C. Проценка!

Евалуацијата е комплицирано име за едноставна цел: како да спречите да ја направите истата грешка повторно. Со проценка на проектот ќе ја олесните вашата работа и работата на други луѓе во иднина и ќе и помогнете на вашата организација да развие нови стратегии и методи.

Евалуацијата треба да вклучува различни луѓе и треба сериозно да ги разгледате нивните мислења. Подетално:

  1. УчеснициПоследниот ден од младинската разменамора да содржи дел посветен на евалуација на целиот настан. Дајте им можност на сите да ги изразат своите впечатоци пред групата, но исто така секогаш имајте и електронска верзија од прашалникот за евалуација или пак печатени формулари кои гарантираат анонимност. Тие нека содржат прашања во врска со условите за работа и сместување, дали сте добар организатор, проверете уште еднаш дали биле задоволни од содржината на обуката и методот на настава, замолете ги да дадат предлози што можете да ги искористите за да ги подобрите вашите идни проекти. Запомнете, исто така, редовно да разговарате со вашите учесници за нивните впечатоци во врска со применетите методи на работа, ако тие се задоволни од содржината или ако можеби имаат некои предлози за подобрување – посветете петнаесет минути на крајот на секој ден на евалуацијата, како заедничка дискусија или како разговор во помали групи.

Доколку немате идеја како треба да изгледа формата за проценка, погледнете го формуларот кој се користи во Еразмус + проектите, за проектот „Младинска размена и мобилност на младински работници“: https://www.jotform.com/form-templates/erasmus-evaluation-questionnaire-youth-exchange-and-mobility-of-youth

  1. Членови на тимот – Разговорот со вашиот тим за спроведувањето на проектот може да ви помогне да согледате некои практики што треба да ги смените во вашата работа. Посоветувајте се  и со вашата организација – проверете дали вашите колеги се задоволни од начинот на кој го водевте проектот.
  2. Надворешни лица – Обидете се да добиете мислења од некои засегнати страни кои не учествувале директно во проектот, но се запознаени со неговата имплементација, бидејќи погледот „однадвор“ е многу пообјективен.
  3. Споредете – Повикајте се на резултати од слични проекти. Дали има некои елементи што можат да се споредат во однос на Вашето делување? Зошто другите проекти беа повеќе или помалку успешни од вашите?
  4. Споредете ги резултатите и целите – Споредете ги индикаторите за постигнатите цели и задачи со оние кои сте ги постигнале со овој проект и размислете за тоа што би можеле / треба да направите поинаку? На пример, ако сте примиле помалку апликации за младинска размена од предвиденото и немавте време да го продолжите рокот за пријавување, дали е можно да сте користеле погрешни канали за комуникација за да стигнете до вашата целна група? Или можеби поканата не била доволно сеопфатна или пак била збунувачка?

ТАЈНА КУТИЈА

Останете позитивни! Многу луѓе во процесот на евалуација сметаат дека треба да ги наведат само грешките и пропустите. Сепак, искреноста подразбира и укажување на добри моменти и понатамошен успех. Обидете се да не се фокусирате на елементите врз кои немате никакво влијание, туку анализирајте ги елементите кои можете да ги промените.

86%