
Веќе имавме општа идеја за пишување на извештаи од претходното Поглавје со описот на финансискиот извештај. Исто така, тука, формата и содржината на извештаите обично се објаснети во апликацијата. Извештајот содржи наративен и финансиски дел (што го објаснивме претходно), но исто така можете да додадете и друга соодветна документација, како што се резултати од евалуација, извештај од тим на обучувачи, натпис од медиумско известување. Ако внимателно ги водевте администрацијата и финансиите, подготовката на финалниот извештај нема да биде комплицирана.
ТАЈНА КУТИЈА
Бидете искрени кога одговарате на бараните прашања и не плашете се да имате критичко мислење доколку е потребно. Запишете зошто мислите дека применетиот метод немаше очекувани резултати и што научивте од тоа искуство.
Наративот од извештај обично е проследен со апликацијата – сè што треба да направите е да го споредите вашиот првичен план и тековната реализација и да ги објасните отстапувањата доколку ги има. Еве неколку прашања што можат да ви помогнат да го развиете наративот на вашиот извештај:
- Дали сте ги реализирале сите планирани активности во предвиденото време? Дали имаше некои промени?
- Што постигнавте со секоја активност и дали тоа се вклопува во рамките што првично ги поставивте?
- Ако претходно сте ги поставиле индикаторите за успех – дали направивте евалуација и кои се нивните вредности?
- Дали имаше некои непредвидени околности (ризици) и како реагиравте? Дали тоа влијаеше на крајните резултати и постигнувањето на целта и до кој степен?
- Како ги вклучивте учесниците во активностите, кои методи ги применивте и кои беа ефектите?
- Кои чекори ги презедовте со цел да ја зголемите видливоста на вашиот проект и кои беа резултатите?
- Дали имате планови за продолжување на проектот и каков ефект очекувате да постигнете со него?
- Како реагираа корисниците (учесници на младинската размена) и какви беа нивните впечатоци по завршените активности?
- Кои се вашите впечатоци за комуникацијата и соработката со партнерите?
Се разбира, ова се само неколку идеи што треба да ги користите како општи упатства при пишувањето на вашиот извештај, но можете да додадете/исклучите онолку колку што сметате дека треба и да ги прилагодите на Вашите потреби во однос на проектот.
ТАЈНА КУТИЈА
Можете исто така да подготвите помалку детален извештај за вашите учесници. Не е задолжително, но може да биде многу корисно бидејќи обезбедува вредни информации и исто така ја зајакнува врската помеѓу вас и нив – особено ако сакате да ја продолжите соработката со нив!