D. Играј на сигурно!

Во “ризични” води добро пливаат само здравите и заштитените. Добра проценка на ризик е суштината на здрави безбеден процес. Во неа потребно е да се вклучат сите што се одговорни за безбедноста и оние што ќе ја извршуваат оваа активност.

Проценка на ризик е едноставно начин за идентификување на:

  • Сите опасности – сè што има потенцијал да предизвика штета.
  • На кого може да му се наштети – волонтери, членови на тимот, учесници, јавноста. Овде би требало да размислите за посебни ризици за одредени луѓе (на пример, оние со одредена попреченост, луѓе чиј прв јазик не е англиски итн.)
  • Ризик – веројатност некоја опасност да предизвика штета и степенот на штетата што би била предизвикана.
  • Мерки – како да се намали ризикот на прифатливо ниво.

Потенцијалните опасности кои демнат насекаде, на било кое место да го одржувате настанот:

  • Сопнувања, лизгања и падови – дали просторот кој го имате обезбедено има нерамни подови, жици или кабли, темни простории или ходници? Како се справува со протекување?
  • Супстанции опасни по здравјето – дали има некои хемикалии складирани во објектот? Кој може да пристапи до нив и дали се користи заштитна облека?
  • Паѓање од висина – Дали скалите или друга опрема се проверуваат и одржуваат? Дали луѓето користат нестабилни столчиња за да дофатат некои предмети?
  • Хигиена – дали има соодветни тоалети и простории за миење раце, вклучително и тоалет со посебни потреби? Дали подготвувате храна за / со млади луѓе?
  • Транспорт – дали локацијата на настанот е место на фреквентен главен пат дали редовно употребуван паркинг до него? Дали користите изнајмен минибус или волонтери, сопствен превоз за активности? Дали тие се соодветно осигурани и одржувани?
  • Стрес – дали им давате поддршка (обука, сесии за надзор) на членовите на вашиот тим и на тој начин стануваат подобри во справувањето со преголем стрес кај учесниците?
  • Безбедност од пожар – дали имаизлез од просторот во случај на пожар? Дали секој знае што да прави во случај на пожар?

Како би направиле проценката на ризик?

ОпасностКујнска опрема-посекотини од нож, електрични удари, изгореници,труење со храна
Ризик(колку сериозно&колку веројтано)1=ниско(не е сериозно/веројатно)5= високо (сериозно/веројатно)3 x 4 = 12 
Кој најчесто е изложен на повреди?млади луѓе/лидери
Контролни мерки1) Кујна до која не пристапуваат млади луѓе без надзор
2) Остри ножеви во заклучена фиока со клуч што ги чува дежурен младински работник
3) Член на тимот обучен за Прва помош
4) Целокупната електрична опрема ПАТ се тестира годишно
5) Член на тимот бил на курс за хигиена на храна
Ризик по спроведена контрола1 x 2 (намален ризик преку спроведени контролни мерки) = 2
Source: Internal
73%