A. Клучни елементи – отстапете простор на природниот редослед на настани!

Тука сте, до тој степен што веќе сте ја обликувале вашата идеја за проект, почитувајќи ги советите и упатства на Сетот алатки за почетници. Возбудени сте поради можноста да внесете позитивна променa во општеството, во исчекување сте и надеж за иднината и во овој неверојатен момент на исполнетост, почнувате да ја гледате бурата на хоризонтот која следи веднаш по главниот предизвик од сите: процесот на подготовка на предлог-проект! НЕ! НЕМА ПОТРЕБА ОД ОТПОР! Не е време да се плашите или да бидете воздржани! Ова е причинатазошто:

Source: Pinterest – The elements quotes

Можеби…. треба да дозволите предлог проектот да се појави природно, како природен редослед на нештата- Четирите елементи на природата се тука за да ги дообјаснат и пружат помош околу решавањето на проблемите:

  • ОГАН – горлив потсетник за сопствената волја и креативна моќ! Запомнете го чувството на страст и енергија што минува низ вените додека ја истражувавте вашата идеја за проект и правевте предвидувања дека еден ден ќе го размрда општеството? Време е сето тоа да го вложите во ПОДГОТОВКА на вашиот предлог проект!
  • ЗЕМЈА – Ве држи цврсто на земја! Одлична емоција. Како страста и возбудата. Кој би сакал да се сопне и да падне во тој процес? Сите знаеме дека стабилноста е сè! Секогаш ни треба солидна почва за да изградиме што било. И нема ништо поцврсто од чистата логика. Време е да ја создадете ЛОГИЧКАТА РАМКАна вашиот проект!
  • ВОДА – освежува и оживува! После ваков процес кој бара и безброј моменти на работа со вашиот тим, дефинитивно ви треба пауза! Треба да направите чекор назад, да отстапите од улога на апликанти и да се ставите во улога на Вашите… судии! Зачекорете во нивните чевли и поминете низ процес на СИМУЛАЦИЈА НА ЕВАЛУАЦИЈА за да откриете какви било слаби точки, објективно проценете го вашиот предлог проект и бидете подготвени да го освежите и да му вдахнете живот!
  • ВОЗДУХ – смирува и лечи!Вие сте толку блиску да го пребродите ова патување! Вашиот предлог проект е скоро готов и треба само малку да се рафинира: неколку детали, неколку додатоци во последен момент и неговиот последен изглед е подготвен! Фазата на ФИНАЛИЗИРАЊЕ е вашата последна станица пред да аплицирате!

И сега кога сте свесни за четирите магии низ кои треба да поминете, да ги истражиме една по една и да ја направиме сликата кристално чиста!

19%