B. Ајде да оставиме нешто зад себе!

Откако јавно ги објавивте информациите и ги собравте идеите на сите засегнати страни, време е за акција! Има многу што можете да направите за да постигнете уште поголемо влијание, така што вложениот напор да вроди плод во однос на позитивната промена што ја изразувавте во вашата првична идеја! Како и да е, помагањето едни на други и учењето едни од други може само да даде позитивни резултати за сите нас!

  • помогнете им на учесниците да ги обликуваат своите идеи во форма на предлог-проекти;
  • помогнете им при прибирање средства;
  • понудете им ги капацитетите и кредибилитетот на вашата организација;
  • креирајте брошура која ги сумира резултатите,  заклучоците и исходот од вашиот проект и ја посочува поставената насока за промените во општеството;
  • испечатете ја вашата содржина и испратете ја до сите релевантни чинители;
  • организирајте прес-конференција на отворањето на вашата изложба на фотографии преку Интернет;
  • аплицирајте за нови проекти што ќе го збогатат вашето портфолио во однос на проектот за младинска размена.
Source: Pinterest “You Where Born to Make an Impact”

Силата на масата доаѓа на нашиот пат уште еднаш! Разновидноста, различните перспективи, вештини и капацитети ќе ги мултиплицираат вашите резултати во секој аспект. Затоа е важно да се вклучат сите актери во процесот на следење на процесот. Искористете го она што тие го нудат и соработувајте за што подобри резултати!

Најголемата сила во Вашиот обид не е никој друг, освен самите учесници во Младинските размени! Поканете ги да дадат свои идеи за тоа како овој материјал може најдобро да се искористи за општата цел на проектот – поттикнете ја нивната креативност.

ОВА СМЕ НИЕ!

На пример, некој може да предложи да се иницира регионална кампања преку Интернет со употреба на фотографии и видео материјал од обуката или да напише серија написи/објави на блогови со цел да ги пренесе своите искуства од младинската разменаи со тоа да придонесе за борба против предрасудите во нивните заедници.

Вклучете ја вашата организација и вашите партнери во оваа сесија на Размени на идеи. Вратете се на целта на проектот, анализирајте што сте постигнале со неговата имплементација и обидете се да се согласите за идните активности што ќе ги подобрат постигнатите ефекти.Размислете за начините да го искористите потенцијалот создаден од вашиот проект – дајте им можност на вашите учесници да продолжат да работат заедно по завршувањето на проектот.

Think about the ways to use the potential created by your project – give your participants the opportunity to keep working together after the end of the project.

IT’S WATCH O’ CLOCK!

If you ever find yourselves in a passion shortage, remember what it really feels like:

Source: TBWA\Los Angeles “Disrupt Manifesto”
95%