Е. Во етерот! – ФИНАЛИЗИРАЊЕ

На само еден милиметар сте од вашата крајна цел: да ја доставите последната апликација и вашиот предлог проект! За да ја достигнете оваа точка, сигурно е дека успешно сте ги поминале сите претходни чекори, заедно со вредниот придонес на вашите партнери. Знаеме дека пополнувањето на формуларот за апликација е процес кој бара многу, но во тој дел немате друг избор и истиот треба да се направи.

Неколку секунди пред да ја поднесете вашата апликација, исклучително е важно да ја подготвите и да ја прикачите целата потребна документација, особено ако некои од документите се специфично наведени во повикот на донаторот. Имено:

  • наративен опис на вашиот проект.
  • анализа на буџетот – проверете дали вашиот предлог-буџет овозможува спроведување на сите планирани активности и дали сите ставки наведени во буџетот исто така постојат во описот на проектот. Многу е важно да бидете реални и прецизни при проценката на вашите трошоци: ако се премногу високи, ги намалувате шансите за одобрување на грантот; ако тие се премногу ниски, ќе наидете на проблеми при спроведувањето бидејќи нема да можете да бидете во чекор со сите активности.
  • агендата за текот на активности примладинската размена.
  • биографии од клучните членови на проектниот тим.
  • логичкарамка.
  • изјави за партнерство потпишани од сите организации вклучени во проектот.
  • преводинаделовникот,
  • доказ за финансиските капацитети на организациите (т.е. извадоци од годишни финансиски извештаи) итн.

Ова е тоа!

Сега треба само да ја ставите целата своја документација во плико и да ја испратите на адресата на вашиот донатор

Source: Internal
26%