Б. Пожар!-ПОДГОТОВКА

Подготвени сте да ја ставите целата своја страст и енергија на хартија? Ова е моментот за тоа! Да се биде на оваа точка од проектот значи дека веќе имате обликувана идеја за проект, го завршивте процесот на избор на партнери за да ви помогнат да ја оживеете идејата и одлучивте да аплицирате за финансирање од некој донатор. Се прашувате кој би можел тоа да биде? Не брзајте! Ова ќе биде објаснето подоцна во овој пакет со алатки! За момент … ајде да се фокусираме на подготовката на вашиот предлог проект!

Source: Internal

Претпоставувајќи дека веќе сте го пронашле вашиот донатор и сте решиле да аплицирате за финансирање, поважно е сериозно да се фокусирате на повикот и деталите. Не грижете се, не е толку тешко како што звучи. Во овој момент размислувајте само на тоа како да ја поминете фазата на реализација на апелот/помошта за финансирање.

  • Истражете ги општите правила и упатства: секој донатор има своја перцепција на нештата и своја цел кога одлучува да финансира нова идеја. Следете ги правилата и перцепцијата на донаторите и усогласете го Вашето со нивното гледиште!
  • Проверете ги приоритетите: донаторите секогаш ги опишуваат фактите и условите што ги сметаат или треба да се сметаат како најважни и треба да внимавате Вашата идеја се вклопува во нивната слика барем до некое (нека е дури и најмалку можно) ниво!
  • Направете анализа на барањата: кои специфични елементи на проектите, карактеристиките на апликантите или процедуралните чекори ги поставува донаторот? На пример, дали деталната агенда на вашата младинска размена бараат да биде доставена однапред? Дали донаторот бара родовата димензија да биде вклучена во вашите апликанти? Уверете се дека вашата идеја за проектот и вашата организација се совпаѓаат со критериумите за прифатливост од страна на донаторот и строго следете ги донаторските индикации!
  • Одлучете дали вашата идеја за проект се вклопува: можеби успешно сте работеле низ сите претходни чекори, но што е со вашиот сопствен сет приоритети, ограничувања и планови? Дали вашата тема одговара на полето на интерес на донаторот? Дали вашата методологија е соодветна во однос на општата перспектива на донаторот? Дали вашиот буџет одговара на оној што го нуди донаторот?

ТАЈНА КУТИЈА

Вие не сте сами во ова! Анализирајте го формуларот за апликација во соработка со вашите партнери и дефинирајте ги сите други детали што можеби сте ги пропуштиле! Покрај тоа … како што изјави Ц.С. Луис „Две глави се подобри од една, не затоа што едното или другото е непогрешливо, туку затоа што веројатноста е мала да се згреши доколку се оди во иста насока“.

Во моментот кога доволно ќе ги разгледате претходните чекори, треба да преминете на следното ниво, уште еднаш да го анализирате вашиот план и да ги дефинирате деталите во соработка со вашите партнери во проектот. Иако ова може да изгледа нејасно и збунувачки, направете го да изгледа забавно!

  • ЦЕЛИ – Прегледајте ја вашата главна цел, редефинирајте ги специфичните цели и посакуваните резултати од вашиот проект.
  • УЧЕСНИЦИ – дефинирајте го нивниот профил, одлучете за конечниот број на учесници, изберете ги најсоодветните канали за комуникација што ќе ги користите за да ги поканите и поставете минимални критериуми за избор.
  • ЛОКАЦИЈА – доста е важно да бидете што е можно поспецифични, бидејќи овие информации се повеќе од клучни за вашето финално буџетирање. Најмалку што треба да направите е да ги дефинирате земјата и градот каде треба да се одвиваат вашите проектни активности.
  • АКТИВНОСТИ – дали нивното спроведување доведува до постигнување на вашите цели и крајната цел? Не двоумете се да направите какви било промени во нивната форма, редослед или временски распоред, доколку има потреба!
  • ЗАДАЧИ – потребно е да се доделат улоги и одговорности меѓу вас и вашите партнери: од активности до административни процедури, важно е секој да ја знае својата улога во тимот, со цел вашата работа да биде добро координирана и да се одвива непречено.
  • РИЗИЦИ – дали има скриени стапици на патот кон реализацијата на вашиот проект? Дали има некои скриени опасности што можат негативно да влијаат на неговото спроведување (на пример, што ако бројот на апликанти за вашиот проект е помал од планираното)? Одговорете на овие прашања, анализирајте ги сите аспекти и подгответе општа стратегија на реакција во случај да се појават, за да избегнете непријатни изненадувања (во нашиот пример, дали сте размислувале за продолжување на рокот за пријавување и засилување на напорите за мотивирање на потенцијални апликанти? )!
  • БУЏЕТ – „колу пари, толку музика!“ Сите ние сме повеќе од запознаени со тоа! Дали вашиот првичен буџетски план е доволен за да го реализирате вашиот проект? Дали има потреба од какви било додатоци, ограничувања или друга промена со цел да одговори на вашите потреби и да обезбеди успешна реализација на проектот?
  • ЕВАЛУАЦИЈА – како ќе измерите колку сте задоволни од постигнатото и како ќе го измерите нивото на успех по завршувањето на проектот? Развијте детален план за евалуација и дефинирајте ги постапките на неговото спроведување.
  • ВИДЛИВОСТ и ОДРЖЛИВОСТ – редефинирајте ги методите за промоција на вашиот проект и неговите резултати. Како ќе понудите видливост и кои чекори треба да ги преземете за да се обезбеди одржливост на овие резултати?

ТАЈНА КУТИЈА

Направете длабока анализа на системот на бодување од страна на вашиот донатор – доколку го има! Внимателно прочитајте го ова Поглавје и истражете ги сите важни информации за деловите од апликацијата на кои треба да посветите особено внимание за да ги зголемите шансите за освојување на грантот!

И сега сме до точката каде ја имате завршено анализата на вашиот проект и сте ги утврдиле сите детали.

Време е да го пополните формуларот за апликација!

Да, вие сте креаторот на проектната идеја …

Да, вие сте водечкиот апликант …

Да, ги имате конците в раце и аплицирајте.

Сега, оставете ја вашата водечка улога настрана и приклучете се на тимската работа!

Пополнувањето на формуларот за апликација е тимска задача, со цел да се обезбеди не само квалитетна финална презентација на проектот, но исто така ги зајакнува Вашите партнерства низ процесот.

ТАЈНА КУТИЈА

Изберете една од многуте алатки на интернет кои овозможуваат простор за соработка, така што целиот тим на проектот може да го следи напредокот на проектот во реално време, да го надополнува текстот, да поставува прашања или да дава коментари додека трае процесот. Не треба да е нешто комплицирано- што велите за работа со GoogleDocs?

IT’S WATCH O’CLOCK!

Source: Novan NG – The Power of Union is Strength – Crabs VS Ants VS Penguins Advertisement
20%