В. Приземјување-поставување на ЛОГИЧКА РАМКА

Врамувањето на Вашата визија во рамка може да звучи непознато и прилично сложено, иако понекогаш тоа е експлицитно барање поставено од вашиот донатор и може да варира во однос на формата и употребената терминологија. Со едноставни зборови, тоа не е ништо повеќе од поедноставен преглед на најважните елементи на вашиот проект претставен во табела. Логичката рамка може да ви помогне да ги оцените логичките поставки на вашата идеја и да проверите дали сите планирани активности навистина водат кон постигнување на целта, поставувајќи солидна основа за реално и успешно спроведување на проектот.Сетете се како го развивавте вашето Дрво на проблеми и како го трансформиравте во Дрво на цели? Доколку ова Ви звучи непознато, погледнете го нашиот Пакет со алатки за почетници! Ако одговорот е позитивен, тогаш е јасно дека ја развивате логичката рамка уште од самиот почеток на процесот на подготовка на проектот!

ТАЈНА КУТИЈА

Поставувањето на вашата логичка рамка треба да биде првиот чекор за пополнување на формуларот за апликација! Немојте овој чекор да го одложувате до самиот крај!

Сè уште не сте сигурни за што станува збор?

IT’S WATCH O’CLOCK!

Let’s clear the air with this short instructional video on how to make a LOGFRAME

Source: David Hearle – Logical Framework

По овој краток вовед, ајде да го следиме процесот чекор по чекор, почнувајќи од редоследот што треба да го следите кога ја развивате Логичката рамка, како што е наведено во броевите од следната табела:

Source: Internal

Дали Ви се потребни неколку кратки објаснувања? Следуваат во продолжение!

  • Општа цел – ја дефинира состојбата што сакате да ја постигнете со спроведување на вашиот проект и ја покажува валидноста на вашиот проект.
  • Специфични цели – дефинирајте ги чекорите што треба да се преземат за постигнување на целта.
  • Резултати – придонесете за постигнување на вашата цел.
  • Активности – поголеми групи на активности кои даваат резултати и начинот на нивно поврзување (која активност е поврзана со кој резултат).
  • Појдовен материјал – овие се сметаат како „суровини“ или „гориво“ за да може планираните активности да ги дадат предвидените резултати; што ги вклучува сите потребни ресурси што треба да се користат за време на спроведувањето на проектот, како што се човечки ресурси, услуги, материјални ресурси, технички ресурси итн.

ТАЈНА КУТИЈА

Уверете се во поставеноста и меѓусебната поврзаност на овие 5 елементи: дали наведените појдовни материјали се доволни за реализација на активности? Дали активностите можат да ги дадат наведените резултати и цели?Дали сето ова води кон постигнување на целта на проектот?

Претпоставки – тие претставуваат ситуации или услови што се неопходни за успех, но се прилично надвор од ваша контрола. Започнете со дефинирање на претпоставки од долу нагоре со цел уште еднаш да ја проверите логиката на последователноста на настаните. Сотоатребадаодговоритенапрашањето „Коисе…“:

Source: Internal

Индикатори – тие се користат за објективна проверка на постигнувањата преку активности, цели и резултати. Со други зборови:

Source: Internal

ОВА СМЕ НИЕ!

Ајде да погледнеме во следниот пример, кој претставува како би изгледала Логичката рамка на вашиот проект за Младинска размена, вклучувајќи објаснувања за секое поле и прашањата на кои треба да одговорите за да ја пополните табелата:

Во секој случај, слободно прилагодете ја табелата според специфичните потреби на вашиот проект!

100%