ДЕЛ 1

МЛАДИНСКА РАЗМЕНА: ШТО НЕДОСТАСУВА?

Зачленувањето во нашиот тим на креатори на програмата за МладинскиРазмени значи дека размената на млади е вредна алатка за вашата работа, скриен скапоцен камен во кофчежето, и таа ќе ве придружува во вашето патување кон воведување позитивни промени во општеството! Младинската размена воопшто – особено во конфликтните или областите со латентен конфликт- иницира можност за еднаква соработка, разбирање, прифаќање, отвореност, социјална инклузија, меѓукултурно опкружување, нови компетенции, знаења и вештини, кршење на стереотипи и предрасуди – списокот може да биде и уште подолг! Младите се најдобрите амбасадори на овие вредности, додавајќи страст, посветеност, енергија и свежи перспективи и конечно ја открива посакуваната слика за помирување и мир. Доколку некои сомнежи ја нагризуваат вашата идеја за младиснка размена и сакате да ги разјасните дилемите, не пропуштајте да го проучите нашиот Пакет со алатки за почетници и можеме да ви го ветиме ова: Вашата идеја ќе го доживее светлото на денот!

Како креатори на програми, веќе сте имале одредено искуство во организирање младински размени, некои од нив биле успешни, други можеби помалку успешни. Во секој случај, го истражувавте процесот, се обидовте, ризикувавте, и се надевавте на добри резултати. Значи, што точно може да ви понуди овој Пакет со алатки? Зошто тој треба да стане ваш водич, ваш учител, вашатаскриена карта во ракавот?

Овој пакет алатки за младинска размена за креатори на програми е создаден за да го олесни процесот и да ја поддржи вашата мисија кон постигнување на најдобри можни резултати во вашата работа! Тука е да ви понуди совети и тајни, да ги разјасните сите комплексни процеси, да ги сподели најдобрите практики, да понуди идеи и решенија за сите  проблеми кои би можеле да се појават, и да ги опремите младинските организации со знаења и вештини потребни за успешно планирање и спроведување на проектот за младинска размена за помирување.

Овој пакет алатки ќе овозможи:

  • одржливост на работата на вашата организација.
  • креирање на квалитетни програми за помирување.
  • подигање на капацитетите на вашата организација за прибирање средства.
  • развивање на вештините на вашата организација во пишување предлози за проекти.
  • успешен финансиски менаџмент.
  • објаснување на финансиските и наративните процеси за известување.
  • напатствија за клучните моменти за успешно реализирање на добиените грантови.
  • асистенција во административните процедури.

Со други зборови … немојте да барате некој суперхерој да Ви помогне во неволја! Време е Виедастанетееден!

Source: internal
6%