Д. Политика и акција – како Јин и Јанг!

По истражувањето на значењето на терминот помирување, неговото значење, улогата на младите во процесот на  имплементација и младинската разменакако важна алатка за да се донесат посакуваните резултати, време е да се направи чекор понатаму и да се премине на практични чекори.

Креирањето на политики во поглед на младинската разменаво име на  процесот на помирување воопшто не се разликува од општите правила на процесите за развој на политики. Таканаречениот „циклус на политики“ е едноставен концепт, што се демонстрира во овие пет основни чекори:

Source: Internal

Следењето на ова добро утврдено правило на „циклусот на политики“ ја поставува основата за вашиот процес на креирање политики. Овие пет чекори можат да бидат надополнети и со други фактори релевантни за вашата цел, кои дефинитивно треба да ги земете во предвид во фазата на дизајнирање, формулирање и примена на вашата политика. Дали ВИ паѓа нешто на памет? Еве неколку идеи:

  • Кои се главните актери?
  • Која е нивната специфична улога во процесот?
  • Која е историската/социјалната позадина?
  • Каков вид ресурси се потребни за спроведување на вашата политика?
  • Каква административна поддршка Ви е потребна?
  • Кои се капацитетите и вештините што ги поседувате?

Се разбира, ова се само неколку индикативни примери на различни фактори што треба да ги земете предвид преку процесот на креирање политики.

ТАЈНА КУТИЈА

Ослободете ги и истражете ги сите елементи што се применуваат во  процес на креирање политики! Колку повеќе го разработувате, толку подобро ќе бидете подготвени за успешен циклус на креирање политика!

ОВА СМЕ НИЕ!

Сега кога знаете сè за креирање политики, да се обидеме да откриеме што треба да имаме предвид додека ја развиваме вашата политика за помирување! Процесот е прилично чувствителен и деликатен, затоа дефинитивно треба да ги вклучите и хуманитарните и историските аспекти на вашата тема.

Дали сето ова за Вас е ново и неразбирливо?  Еве неколку упатства:

АКЦИЈА 1: Ослободете се од стравот, прифатете го мирниот соживот!

Минатото ги трауматизира сите инволвирани страни со тага, омраза, емоционални рани, горчина, страв и непријателство. Целта на вашата политика е да докажете дека иднината може да се подобри,додека пак сегашноста овозможува соживот на разбирлив и искрен начин!

Како се постигнува ова преку младинската размена?

Младите од различни локални контексти се здружуваат, се запознаваат едни со други, ги надминуваат сомнежите за интеракција и дружење со своите врсници „од другата страна“, ги почитуваат новите односи и се подготвени да се вратат во нивниот локален контекст и да го споделат своето искуство и пораки на единство и мир.

АКЦИЈА 2: Изградете разбирање, доверба и верба!

Повеќе од важно е да се објаснат различните перспективи, да се разберат причините и последиците, да се разбере историскиот контекст на конфликтот, но во исто време и да се  деконструира истиот и да се признае неговиот ефект врз инволвираните поединци и групи. Овој процес постепено ќе резултира во појава на емоции на доверба дефинирани преку човекуљубивата перспектива на сите вклучени луѓе.

Како може да се постигне ова преку младинска размена?

На младите им се нуди време и простор да ја објаснат својата перспектива – на која повеќе или помалку влијаат нивните заедници и општата перцепција на јавноста за нивното потекло – да ги запознаат перцепциите на нивните врсници и да го крунисаат процесот во прифаќање на нивните разлики во поглед на етничката припадност, културата, политичките убедувања, идентитетот или дури и религијата. Во исто време, на овој начин, се промовираат човечките вредности на еднаквост, почит, толеранција, прифаќање и достоинство, за да се пополнат исчезнатите делови од сложувалката наречена помирување и мир.

АКЦИЈА 3: Градење вештини и зајакнување на капацитетите!

Емпатијата и прифаќањето се лесни цели кога станува збор за несогласувања и конфликти, но исто така тие играат клучна улога во формирањето на политика кон помирување. Дефинитивно ова е една страна од човечките суштества – таа навистина постои од моментот кога сме родени! Обично е закопана под прашината и товарот на историјата и мрачните страници од минатото. Што треба да сториме за да ги вратиме во живот? Изградете вештини и капацитети за разбирање, прифаќање, почитување и придвижување нанапред, надминување на минатото, живеење во сегашноста и сонување за иднината

Како може да се постигне ова преку младинска размена?

Што може да биде подобро од зближување на младите луѓе и развивање на нивните вештини за надминување на стереотипите и предрасудите: тоа е магичното стапче за обнова на односите  уништени од силни конфликти – дури и жестоко насилни во одредени прилики. Собирање и подигнувањето на нивните капацитети е тајната состојка за незаборавна мирна средба и иднина.

Формирање политика и нејзино претворање во акција и обратно, може да биде комплексен и прилично тежок процес, особено кога има за цел да се постигне помирување во конфликтните и постконфликтните региони. Истото се случува со сите напори да се промени општеството кон подобра иднина, затоа … дајте го најдоброто од себе, обидете се, следете ги упатствата и препораките на нашиот Сет Упатства и гарантираме дека сте сигурно неколку чекори поблиску до успешниот резултат!

Source: https://www.quotemaster.org/policy+implementation

1 Quality of the Public Administration – A Toolbox for Practitioners (2017), European Commission

15%