A. Горд администратор!

Администрацијата е суштински дел од секој проект и не треба да го прави животот мизерен – напротив, треба да ви помогне! На многумина од нас оваа работа може да им биде досадна, незамислива и премногу комплицирана. Сепак, тоа може да биде спасител на животот во однос на успешнотоспроведување на вашиот проект, како и соработката со вашите сегашни и идни колеги и партнери, корисниците на вашите програми, вашите донатори и сите луѓе кои се под влијание на вашата работа во одреден момент.

Source: www.picturequotes.com

Добро структурирани и ажурирани административни процедури можат да ви го олеснат животот и исто така да ви помогнат да бидете смирени кога се борите со товарот од многубројните задачи и одговорности. Затоа, обидете се да креирате свои процедури и шаблони што ќе ги прилагодите и користите во повеќе проекти во иднина, за да бидете запознаени со нив и да ги направите важна алатка во интерес на работата. Ова ќе ви овозможи да ги следите сите активности и да реагирате брзо доколку е потребно.Во случај да се прашувате каков вид административни процедури треба да развиете … погледнете ги следниве примери:

ЧУВАЊЕзаписи
архива
СОБИРАЊЕпотписи
СОРТИРАЊЕинформации
документација
АРХИВИРАЊЕсметки контакти
фактури медиумски извештаи
писма кореспонденција
РАЗМЕНИ НА ИНФОРМАЦИИусно писмено
формално неформално

ТАЈНА КУТИЈА

Прецизноста и ефикасноста се клучни зборови – особено кога работите со повеќе партнери од странство. Обидете се да избегнете двосмислена информација и нејасност што веројатно ќе ви создаде проблеми и незгодни недоразбирања!

35%