A. Помирување: лесно да се каже, но тешко да се постигне?

Студиите спроведени низ Европа по Втората светска војна покажаа дека долгорочната недоверба, омраза и други негативни односи меѓу народите што имале конфликти во минатото може да се стави крај само ако нови генерации се вклучени во процесот на помирување и изградат одржливи контакти кои на тој начин обезбедуваат безбедност, долгорочен мир и непречен развој. Младите се отворени и подготвени да научат, еволуираат и да внесат позитивни промени во нивните општества доколку им се даде шанса. Затоа, многу е важно да им се овозможи да патуваат, да се среќаваат со своите врсници од други општества и да разменуваат идеи и искуства со нив и, исто така, заедно да стекнат нови вештини и знаења. Во овој контекст, преку организирањето на младинска размена во постконфликтните области и области со латентни конфликтни се креира платформа што ги охрабрува и поттикнува процесите на помирување меѓу народите и општествата, создава атмосфера на соработка, разбирање и прифаќање и со тоа влијае врз позитивниот социјален, економски и културен развој на целиот регион.

46%