Преку регистрирање на вашата организација на веб-страницата на "Младинска размена", имате можност да учествувате на семинари за градење капацитети и да бидете дел од напорите за трансформација на конфликти насочени кон градење траен мир во Европа.
За да се регистрирате и да го пополните вашиот профил, следете ги овие едноставни чекори:
1. Пополнете ги полињата на оваа страница и кликнете на „Регистрирај се и учествувај“.
2. Наскоро ќе добиете потврда на вашата електронска пошта.
3. Вратете се на страната на “Младинска размена”, на Exchange-it.org и најавете се со вашата електронска пошта и лозинка.
4. За да го креирате вашиот профил, мора да го пополните прашалникот за капацитетите на вашата организација. Оваа задача нема да Ви одземе повеќе од 3 минути и може да ги смените вашите одговори кога и да посакате. Можете да пристапите до овој прашалник со кликнување на иконата во горниот десен агол на веб-страницата и да ја изберете опцијата „Анкета“ од менито.
5. Сега можете да аплицирате за семинарот! Можете да дознаете повеќе за тоа во Повикот за учесници. За да ја испратите вашата апликација, пополнете ги сите полиња во формуларот наречен „Пријава за обука“, што можете да ја најдете во делот/страницата за спроведување на анкети. Ние ќе ве информираме за резултатите од вашата пријава за неколку дена по поднесувањето на апликацијата.
Веќе УЧЕСТУВАТЕ? Логирај Се