Б. Разгласете!

Кога претставата заврши…што понатаму? Завесите паднаа, шоуто заврши, резултатите в рака, сè уште свежи сеќавања и слики пред очите. Вашиот проект за младинска размена заврши и за среќа постигнавте неверојатни резултати што сакате да ги понудите на општеството и да придонесете за позитивни промени во општеството. Освен едноставно успешен проект, највредното богатство на вашето патување е тоа што вашата работа ги промовираше идеите за мир и помирување кај сите вклучени луѓе: учесници, членови на тимот, засегнати страни, партнери итн.

Но, дали е ова сè?

Дали ова беше Вашата највисока цел?

Дали е ова доволно за да бидете задоволни и исполнети?

Одговорот е… НЕ! Целта на вашата младинска размена беше да се влијае врз општеството, да се направи разлика! Да ги промовирате резултатите и производите на вашиот проект во поширока целна група и да оставите свој белег. Со други зборови … време е да ги пресликате Вашите резултати во институционална промена!

Во претходните поглавја многу зборувавме за креирање политика. Но, дали е ова единствениот начин да се направи промена?

Source: Internal

Ако се држиме до буквалното значење на поимотзастапување, би го дефинирале истото како „ активност од страна на поединец или група која има за цел да влијае врз одлуките во рамките на политичките, економските и социјалните институции“. Во нашиот случај, сепак, треба повеќе да се смета како чин на зборување во име или за поддршка на друго лице, место или нешто.

Преземањето улога на застапник не е лесна задача. Тоа доаѓа со одговорност да им се понуди независна поддршка на оние кои сметаат дека не се сослушани и да се уверат дека се сватени сериозно и дека нивните права се почитувани. Преку нивно застапување им се дава можност на учесниците да бидат слушнати  за прашања кои се од исклучително значење за нив, им се овозможува заштита и промовирање на нивните права, нивните ставови и желби кога се донесуваат одлуки за нивниот живот се сваќаат со крајна сериозност.

Колку и да звучи сериозно, вие сте целосно опремени да ја завршите оваа задача: имате идеја, средства, луѓе и моќ да го сторите тоа! Промовирајте ги и објавете ги резултатите и исходот од вашата младинската разменаследејќи ги овие совети:

  • СОВЕТ 1 – Распространете ги резултатите од вашиот проект и пораките што беа создадени за време на неговото спроведување и се поврзани со вашата главна цел.
  • СОВЕТ 2 – Користете различни форми на комуникација, особено оние што комбинираат текст и визуелни содржини, со цел да го привлечат вниманието на публиката и да пренесат посилна порака што ќе биде врежана во нивната свест. Вклучете фотографии, видеа, изјави, цртежи итн.
  • СОВЕТ 3 – Искористете ја моќта на социјалните медиуми бидејќи тие се место каде што повеќето луѓе се ангажираат на дневна основа во денешно време.
  • СОВЕТ 4 – Искомуницирајте ги вашите клучни пораки преку сите достапни канали и средства, дури и најтрадиционалните, со цел да ги достигнете сите нивоа на публика (Интернет, весници, ТВ и радио преноси, флаери и сл.).
  • СОВЕТ 5 – Започнете онлајн и офлајн кампањи или организирајте настани, обуки, семинари или кој било друг вид на планирана активност, со цел да ја ширите вашата порака, па дури и да ги информирате луѓето на темата.
  • СОВЕТ 6 – Искористете ја моќта на масата! Веќе има премногу луѓе вклучени во вашите активности: учесници, волонтери, партнери, членови на тимот, засегнати страни и донатори – искористете ги и нивните врски за да достигнете поголема публика.

Без разлика колку далеку одите, запомнете го секогаш ова: промената е единствената постојана во животот, и вие можете да бидете дел од неа! Бидете промената што сакате да ја донесете во општеството!

Source: Washington Low Income Housing Alliance

IT’S WATCH O’CLOCK!

If you are still looking for some motivation…take a look at this:

СО СРЕЌА!

42%