Поминавте пет или десет дена работејќи со група на ентузијасти и способни млади луѓе, кои се здобија со нови знаења и вештини, ги мотивиравте да се вклучат дополнително во обработка на прашањата поврзани со темата на младинска размена!
Првиот чекор е да ги направите видливи резултатите и добиените повратни информации од вашата младинската размена. Дефинитивно сте собрале многу „докази“ во текот на целиот процес; фотографии, видеа, изјави од вашите учесници, цртежи и сл. Не сте сигурни што да направите со тоа? Да видиме…
- Објавете, преку испраќање на презентации на сите организации и институции кои беа вклучени во проектот.
- Споделете на социјалните мрежи и проверете дали секој учесник на вашата обука може да ги најде и види овие објави.
- Пренесете го преку достапни канали и средства за комуникација.
Технологијата е нашиот најдобар сојузник и има само еден збор што ќе ни помогне во оваа задача; ИНТЕРНЕТ

ТАЈНА КУТИЈА!
Предупредување во врска со обработката на лични податоци! Потребно е да обезбедите целосна согласност од вклучените лица за користење содржини што ги вклучува нив самите!