ДЕЛ 4

ЕРАЗМУС + РАЗМЕНИ

Реализирањето на вашиот проект за младинска размена во реалност е предизвик. Сепак, тоа е идеја која е силно поддржана од Еразмус + Програмата, бидејќи со свој простор во „Клучна акција 1: Мобилност за учење на поединци“, главно позната како КА1. Оваа клучна акција им нуди можност на заинтересираните страни да аплицираат за грант за програмата Еразмус + со цел да планираат и реализираат проект за Младинска размена, финансиски поддржувајќи ги во:

  • организирање на младинска размена (цена на ден за активност по учесник).
  • трошоци за превоз (засновани на патното растојание по учесник помеѓу нивното место на потекло и местото на активност).
  • исклучителни трошоци (трошоци поврзани со вадење визи, трошоци за поддршка на учество на млади луѓе со помалку можности, итн.)
  • поддршка за посебни потреби (во случај во проектот да бидат вклучени млади лица со попреченост).

Сепак, има неколку барања што треба да се исполнат при аплицирање за грант за програмата Еразмус +. дали вашата идеја одговара на профилот?
Погледнете ги карактеристиките кои се потребни:

  • ПРАВО НА УЧЕСТВО: треба да бидете непрофитна/невладина организација, европска младинска невладина организација, социјално претпријатие, јавно тело, неформална група на млади, здружение на региони, европска групација на територијална соработка или компанија активна во општествената одговорност на претпријатијата.
  • ВЕСТЕРН БАЛКАН ЈУТ ВИНДОВ од 2015 година организациите од земјите на Западен Балкан имаат шанса да поднесат апликации во рамките на Еразмус + Млади во KA2програмата.
  • ПАРТНЕРИ: минимум 2 од две различни земји од Програмата (28 земји на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Република Македонија и Турција) и партнерски земји соседни со ЕУ. Секој проект мора да има барем еден партнер од земјавклучена во Програмата.
  • ВРЕМЕТРАЕАЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 3 месеци до 2 години.
  • УЧЕСНИЦИ: Млади луѓе на возраст од 13 до 30 години; минимум 16 и максимум 60 учесници; минимум 4 учесници во група.
  • ПРИЈАВУВАЊЕ ( КАДЕ  КОГА)
  • : Национална агенција на програмата Еразмус + (за земјите од програмата)/до Агенција за образование,  аудиовизуелност и култура (за земјите од Западен Балкан) – еднаш годишно.
  • ЛОКАЦИЈА НА НАСТАНОТ ЗА МЛАДИНСКА РАЗМЕНА: земја на една од учесничките
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАСТАНОТ: 5 до 21 ден, без време на патување.

Но, ова не е сè! Знаеме дека процесот KA1 изгледа малку комплициран и со многу детали. Без грижа! Ти не си сам! Младите Салто и Еразмус + Млади во акција создадоа аналитички прирачник на 50 страници како водич и ваш најдобар пријател при планирање на вашиот проект за Младинска размена. Насловен како „Јаготка на тортата-Совети за квалитетно планирање на младинска размена“, тој е креиран за да ве води низ сите фази на изготвување, планирање, подготвување и спроведување на вашата идеја!

https://www.salto-youth.net/downloads/4-17-3198/Cherry%20on%20the%20cake%20%20publication.pdf

Source: www.salto-youth.net

Значи … нетрошетеповеќевреме! AПосештонаучивтепрекунашиот „СетсоалаткизаМладинска размена“, требадасеобедините, дасефокусиратеидазапочнетедаработитеконреализирањенацелтазамладинската размена! Изапомнете:

  • предложетеинтересницели, леснизареализација
  • Комбинирајтејамеѓународнатадимензијанавашиотпроектсонеговотоконечновлијаниеврзлокалнотоопкружување!
  • Дефинирајтегоиосигуретегоаспектотнаучењезаучесниците!
  • Планирајтеконкретниактивностиштогиисполнуваатцелитеивашитецели!
  • Но, предсè … одржувајтегилуѓетомотивиранииактивни: тиесеиднинатаиуспехотнавашатаидејазависиоднивниотентузијазамистраст!

СО СРЕЌА!

100%