B. Состојки на рецептот!

Трансформацијата на мирот и конфликтите на глобално ниво се во центарот на вниманието, особено по големото финале на Втората светска војна и Студената војна. Тогаш беше официјално воведена новата идеја за „транзициона правда“,во која беа вклучени судски и вонсудски мерки спроведени со цел да се поправат злоупотребите од начинот на третирањето на човековите права. Спомените, вистината, заздравувањето, заштитата на човековите права, репарацијата и, конечно, помирувањето, сите меѓусебно поврзани, се појавија како неопходност што трае се до денешно време, особено во конфликтните и областите со латентен конфликт. Се уште се прашувате за што станува збор?

Процесот на помирување не е изговор за неказнивост и не е само индивидуален процес. Не е во спротивност со или алтернатива на вистината и правдата, ниту е брз одговор! Не треба да се смета за религиозен концепт или прашање на едноставно простување и изговор за заборавање. Во никој случај, не треба да замислуваме совршен мир произлезен од состојба на ” tabularasa”.

Напротив, помирувањето е еднакво на:

  • изнаоѓање начин на живеење што овозможува визија за иднината;
  • (повторно) градење на релации;
  • помирување со минатите дејствија и непријатели;
  • долгорочен процес на длабоки промени во општеството;
  • процес на признавање, запомнување и учење од минатото;
  • доброволен процес што не може да се наметне1.

1 Reconciliation After Violent Conflict: A Handbook (2003), by David Bloomfield, Teresa Barnes and Luc Huyse – International IDEA Handbook Series

Нелсон Мандела „На крајот, помирувањето е духовен процес, за кој се потребни не само правна рамка; тоа мора да се случи во срцата и умовите на луѓето “.

Сепак, факт е дека помирувањето не е само еден единствен момент. Тоа не се случува за време потребно да трепнеш. Ниту пак е прашање на случајност и судбина. Помирувањето е процес!




Source: Internal

Дали е тоа процес полн со предизвици? ДА!

Дали е тоа комплексен и чувствителен? АПСОЛУТНО!

Дали вреди да се направи? НЕМА СОМНЕНИЕ!

11%