E. Добар почеток е половина сработено!

„Сè започнува со идеја“. – Ерл Најтингел

Идеите го обликуваат текот на историјата“. – Џон Мејнард Кејнс

„Без оглед што ќе ви кажат луѓето, зборовите и идеите можат да го сменат светот“. – Робин Вилијамс

И можеме да бесконечно да продолжиме да цитираме!

И можеме да бесконечно да продолжиме да цитираме!

ТАЈНА КУТИЈА!

Дали пристапот за Младинска размена одговара на вашата идеја? Дали навистина може да придонесе за промената што сакате да ја спроведете или има некои други, попрактични решенија?

Обликувањето на вашата конечна идеја не е лесна задача. Тоа може да биде доста исцрпувачки и тежок процес кој бара не само употреба на мисловни мапи и бура на идеи, туку и темелно фокусирање на целите, визијата и мисијата на вашата организација. Нема потреба да се истакнува дека две глави мислат подобро од една; многу е поефикасно да има повеќе од еден учесник во некоја активност, бидејќи повеќе луѓе што размислуваат и работат заедно можат да дојдат до подобри решенија и да дадат подобри резултати. Затоа… вклучете колку можете повеќе луѓе во овој процес: членови на вашиот тим, партнери, засегнати страни, спонзори, дури и самите крајни корисници!

ТАЈНА КУТИЈА

Искористете го колективното размислување! Ослободете се од осаменоста и подгответе се за ново искуство, вештините и перспективите на вашиот тим!

За оние кои сте почетници во процесот: Вие треба да се справите само со прашање кое предизвикува дилема: З О Ш Т О ?

Source: www.sevenquotes.com

Треба да го дефинирате проблемот со кој сакате да се справите организирајќи младинска размена. Ова е првиот, но исто така и најтешкиот чекор преку кој не само што ќе развиете еден мисловен процес кој можете да го употребите за да им ја објасните на вашите партнери (и исто така и на потенцијалните донатори) важноста на вашиот проект како одговор на некои идентификувани потреби во општеството, туку и да ја поставите основата за создавање на комплетен предлог проект подоцна.

ОВА СМЕ НИЕ:

Да речеме дека проблемот за ублажување или решавање на некој предизвик преку оваа младинска размена е тоа штo:

„… Младинските организации во Западен Балкан (и честопати и во други европски земји) немаат доволно капацитет ефикасно да се справат со прашањата на дискриминација, нетолеранција и процеси на помирување…“

Со цел посеопфатно да ја објасниме методологијата, за целите на анализа на овој проблемот ќе ја користиме аналогијата на дрвото. Секое дрво има корени кои му обезбедуваат храна и му овозможуваат да расте и да развие стебло и, конечно, дрвоторазвива свој врв, а тоа е она што прво го забележувате кога гледате дрво од далечина.

Слично на тоа, секој главен проблем има свои корени што го хранат, т.е. неговите причини, а исто така и врв, т.е. последици – настани, појави и состојбишто укажуваат на постоење на проблемот, што е јасно претставено преку стеблото на дрвото.

Сега, ако го пресечеме врвот, новите гранки ќе растат повторно по некое време и дрвото ќе продолжи да живее, а исто така и проблемот ако се справиме со неговите последици – некое време видливоста ќе престане, но потоа ќе се појави повторно. Затоа, потребно е многу внимателно да се анализираат причините што доведуваат до проблемот (стеблото) бидејќи само со дејствување врз причините (корените) може да направите трајна позитивна промена.

IT’S WATCH O’CLOCK!

Source: TolaData “Identifying the focal issue with ‘Problem Tree Analysis’ technique”
Source: Portal365 “CAnalyzing the Problem Using Problems Tree”

Сонувањето е добро и никогаш не повредува никого. Сепак, откако го креиравте вашето дрво на проблеми, време е да ги погледнете вашите капацитети и да бидете реални кога ги проценувате причините на кои можете, а на кои не можете да влијаете. Ова може да се случи само со одговарање на прашањето: на кој начин вашата идеја за проект – во случај на организирање младинска размена – може да се вклопи во целосната слика? Ова е значително важно бидејќи ја поставува основата за дефинирање на акција. Ова треба да биде колективна активност, затоа … соберете  го вашиот тим и заеднички иницирајте  бура на идеи!

ОВА СМЕ НИЕ!

По завршувањето на анализата на проблемот според горе наведениот начин, можеме индикативно да ја нацртаме следната слика:

ПРОБЛЕМ – СТЕБЛО: долгорочна недоверба, омраза и други негативни релации помеѓу постконфликтни региони или региони со латентни конфликтни.

ПРИЧИНИ – КОРЕН: минати конфликти, насилни спомени, трауматично искуство од минатото, политичи опортунизам, војна, водечки економски причинители, политичка манипулација, интеркултурна несвесност.

ПОСЛЕДИЦИ – ВРВОТ НА ДРВОТО: дискриминација, предрасуди, пристрасност, пропуштени можности, неправда, пропаганда, политички, социјални и економски нееднаквости, омраза, недоверба, негативни односи, нетолеранција.

Сега…време е да се спуштиме на земја и да сфатиме со која од овие причини нашата организација може поуспешно да се соочи до одреден степен. Ако сакаме да бидеме реални … добро – промената на официјалните политики би било доста тешко и одзема многу време, додека резултатот од нашите напори во најмала рака би бил сомнителен. Затоа, веројатно треба да ја „исечеме“ таа гранка целосно и да ја игнорираме за време на остатокот од процесот. Можеме да ја следиме истата постапка со други слични гранки и да се држиме до оние што изгледаат порелевантни за нашата работа и капацитети.

53%