E. Што преостанува?

Генерално, ја завршивме првата фаза од нашата младинската размена. Непосредно пред целта, има уште неколку детали што треба да се договорат.

  • Да се ​​биде домаќин на настан

За среќа или не, освен уживање во резултатите од успехот, да се биде организатор на настан предвидува долг список на одговорности. Откако ги организиравме најважните работи, еве уште неколку дополнителни активности кои треба да ги имате во предвид како организатор:

  • Законски процедури: Следете ги законите и процедурите за администрација кои се на сила – целта на секој проект е да испрати позитивна порака… а не да Ве испрати во затвор! Уверете се во точноста на правниот текст и соодветно прилагодете ги вашите активности.
  • Материјали: Потребно е да се набават сите материјали за работа во согласност со агендата што ја креиравте (хартија, тетратки, маркери, флип чарт табли и сл.) и исто така потребно е да организирате печатење и копирање на едукативни материјали и / или брендирани папки, маици, постери и сл.
  • Техничка опрема: Потребно е да ја обезбедите техничката опрема која ќе ја олесни Вашата работа, како што се проектори, екрани, компјутери, скенери и печатари – обезбедете „подвижна канцеларија“ и бидете подготвени за секоја ситуација.
  • Оброци: Треба да обезбедите соодветни оброци за групата за време на младинската размена, особено ако некои учесници се вегетаријанци или алергични на некој вид храна. Размислете кога и каде ќе ги правите паузите.

Дефинитивно има уште многу детали кои треба да се изменаџираат, затоа погрижете се да запишете сè и да бидете што подобро подготвени!

  • Доколку Вашата компанија праќа претставник

Во овој случај, дозволете си да бидете порелаксирани, особено кога станува збор за логистика и практичност. Уживајте во фактот дека овој пат некој треба да се грижи за тоа! Сепак, треба и во овој случај да направите некои подготовки:

  • Претставување: Обезбедете соодветни претставници, некои квалификувани членови кои позитивно ќе ја претстават  Вашата компанија. Тоа е важно не само за вашата репутација, туку и за успехот на проектот, кој исто така ќе ви понуди одлични резултати и предности.
  • Анализа: Важно е вашиот претставник да е запознаен со темата и да ги проучил или истражувал доволно сите нејзини аспекти. Нема корист да испраќате некој што воопшто нема претстава во врска со проектот и не може да придонесе ништо за процесот.
  • Рекламирајте: Учеството на меѓународен настан е само по себе настан за вашата организација. Збогатувањето на вашето портфолио со такво искуство е голема работа, затоа обидете се убаво да го изрекламирате во Вашата мрежа од контакти.  Ова веројатно ќе ја подигне свеста на вашата целна група во врска со вашите активности и ќе го зголеми вашиот кредибилитет, па исто така и поддршката од засегнатите страни.

ОВА СМЕ НИЕ!

Во процесот на фокусирање на нашиот меѓународен проект за младинска размена, односно меѓукултурната средба, иако со учесници од постконфликтни или области со латентни конфликтни релации,  се чини дека подготовката е поспецифична гледано и од друга перспектива, без разлика дали припаѓате во категоријата домаќин или во категоријата на претставници од компании.

Културата, меѓу другото, вклучува форма на управување, економија, историја, јазик, невербален јазик, образование, уметност, технологија, наука, училишен систем, религија, перцепција на живот и смрт, спорт, навики за јадење и пиење, бонтон на маса , други обичаи и навики, литература, социјален живот, медиуми, рекламирање, систем на социјално осигурување, традиции, национални празници, музика, поезија, имиња, емоции, облека, архитектура, национални херои, норми, вредности, ставови, закони, семеен живот, природа, спорт, гордост, бајки итн.

Важно е да знаете што повеќе за сопствената култура и културата на вашите колеги. Секој мора да прифати дека однесувањето е вкоренето и трајно под влијание на сопствената култура. На културата може да се гледа како на психолошки корени и емоционалнo сидро на личноста и негирањето на нејзиното влијание ја остава индивидуата без оваа многу важна емоционална поддршка.

Да се ​​живее во и со друга култура значи да се прифати таа странска култура како рамка за секојдневно дејствување. Не е можно да се воспостави истата врска кон таа култура како што е опишано погоре, во сосема ново опкружување за само неколку дена. Следствено, важно е да се зацврсти сидрото на сопствената култура за да не се „изгубите некаде по патот“.

Да се ​​задржи тоа сидро значи прифаќање на кој било дел од твојата сопствена култура: Идентификација значи прифаќање на фактите, прифаќање на минатото и сегашната реалност во твојата земја, прифаќање на нејзиното влијание врз сопствената личност и размислување, но не и нужно застапување на сè што припаѓа на твојата култура.

ТАЈНА КУТИЈА!

Критиката е дозволена и охрабрена, но треба да се прави во рамките на активна дискусија и прашања.

Ова особено се однесува на „темните“ страни на вашата култура во минатото или сегашноста: корупција, граѓанска војна, антисемитизам, ропство или други работи што предизвикуваат негативна перцепција во други земји и се основа на предрасуди. Само со прифаќање дека овие аспекти се дел од вашата сопствена култура и затоа се дел од вас самите, ќе си дозволите да научите за сопствената култура преку интересни дискусии со припадници на други култури. Бидејќи честопати ќе ве прашуваат за вашата земја и култура, многу е корисно да имате некое знаење за вашата сопствена припадност.

Што треба да знаете за ВАШАТА СОПСТВЕНА земја
ГеоргафијаИсторијаПолитички систем & политикаЕкономска ситуација
Едукација&Универзитетски програмиХранаТрадиција&ОбичаиПесни на мајчиниот јазик ( фолклорни)&ора/танцови

Source: Internal

Source: Pinterest “Intercultural Misunderstanding”
Што треба да се знае за ДРУГАТА земја
Средина
КлимаВремеГеографија
Историја&политикаИсториска&политичка релација со Вашата сопствена земјаЕкономска ситуацијаПравила на однесување

Source: Internal

77%