D. Младинска размена: Понесете вредност!

Да се биде дел од програма за младинска размена несомнено нуди бројни предности и придобивки. Тоа е најдобрата можност да „научите“ – гледано преку нејзината образовна перспектива, но и „стекнете“ нови вештини и капацитети.

Учесниците имаат шанса да:

  • станат свесни за мултилатералните аспекти на историските и политичките факти;
  • ја практикуваат својата критичка проценка;
  • доживеат повеќестрани пристапи кон учењето (неформално, информално  итн.);
  • усовршуваат јазични вештини преку вежбање.

Но, ова не е сè! Оспособувањето на младите преку младинска размена да развиваат критичко расудување и самоуверено да учествуваат во општеството, вклучува учење лични, социјални и вештини за управување со конфликти, кои вклучуваат:

  • самодоверба и самооценување;
  • проширување на личните перспективи;
  • лична флексибилност и можност за постигнување компромис;
  • толеранција на фрустрација и двосмисленост;
  • самосвест, свесност за другите и емпатија;
  • комуникациски вештини и интеракција;
  • свесност за личните и културните ставови во однос кон конфликтното однесување;
  • практични вештини за управување и надминување на конфликтите.

IT’S WATCH O’CLOCK!

Still doubting the learning aspect of a youth exchange for reconciliation in post- and frozen-conflict areas? Clear all clouds through the “Neighbours” by N. Mclaren (1952):

90%