B. Кажи ми нешто за ова!

Работата во постконфликтни општества може да наиде на многу предизвици. Отсекогаш се велело дека образованието и честопати, неговата улога во промовирање на еднаквоста се клучни за процесот на демократизација. Обезбедувањето широк спектар на можности за образование за младите несомнено може да помогне во поттикнување на демократските ставови, но не нуди гаранција дека ќе бидат усвоени соодветни модели на однесување. Потребен е повеќенасочен пристап, кој би бил вклучен во редовната училишна програма и во активности надвор од училиштата, како иницирање на потребата за вештини за решавање конфликти, раскажување приказни и споделувања на минати случки и сеќавања. На овој начин, се поттикнуваатмладинска разменате како одлична алатка за промовирање на мирот и помирувањето во постконфликтните општества. Целта е да се поттикнат знаењето, практичните вештини и ставови кои ги поттикнуваат младите да применуваат критичко расудување и да пристапуваат кон општеството со доверба, имајќи во предвид дека образованието за мир и помирувањетое различно одкултурната доминација. Иако практиката да се користат локалните културни ресурси во управувањето со конфликтите и спомените од моментите на  насилиствосе повеќе добива поддршка, културните традиции се произволни историски пмирувачи и се значително  недоследни. Предизвикот во воспитно-образовната работа е како културните ресурси на групата можат да се искористат без да се насочуваме кон етно-културната или националистичката стигматизација и рецептура, како што често се случува на Западен Балкан.

48%