Проектот „Младинскиразмени – кон соработка и помирување“ се спроведува од страна на здружението Млади Правници од Косово заедно со шест партнери: Либеро, ПРОНИ Центар, Бекслеш, Конект Интернационал, Интеркултура и Силогос Апофитон Екпедефтирион Мандулиди. Проектот е поддржан од Еразмус + Програмата на Европската унија.
Идејата за овој проект се роди додека работевме со млади луѓе на нашите претходни проекти, кога сфативме дека помирувањето е процес кој е многу потребен, а решавањето на конфликтите во Европа е цел за сите нас. Согласно нашата клучна акција за соработка на полето на иновации и размени на добри практики, имаме за цел да им понудиме на младите нови можности со кои би ги надминале бариерите кои се јавуваат како резултат на конфликтите кои се појавуваат низ цела Европа. Преку иницирање на проактивно учество на организациите во создавање можности за младинска размена, можеме да придонесеме кон процесот на помирување.
Главната цел на проектот “Младинска размена“ е да ги поттикне организациите да започнат со младинска размена во области после решен конфликт и области со латентен конфликт, а потоа да ги зголеми нивните капацитети преку платформа со прилагодени обуки, менторска поддршка, вмрежување и ажурирани информации на оваа тема.