C. Дали да ризикувате? НИКАКО

Ризикот се дефинира како настан што може да влијае на постигнување на целта. Отстапувањето од планот поради некои непланирани околности може да има и позитивни и негативни последици. Бидејќи позитивните резултати се секогаш добредојдени, да се фокусираме на негативните. Невозможно е да се предвидат сите ситуации кои можат да тргнат наопаку, но да се има план Б барем за некои ситуации може да биде повеќе од олеснување во моментите на криза!

Да се ​​направи анализа на ризик не е толку страшно иако можеби звучи така! Со почетниците треба да ги поминете сите аспекти од младинската размена, од логистичките детали до агендата и да размислите за ситуациите кои можат да ја блокираат реализацијата на вашиот план.

ОВА СМЕ НИЕ!

Се прашувате што може да тргне наопаку? Да видиме…

  • Што ако имате испланирано многу активности кои се изведуваат во надворешни услови но времето се погоди да биде врнежливо? Дали ќе подготвите резервен план што вклучува активности прилагодени на внатрешниот работен простор или ќе ја реорганизирате целата агенда?
  • Што ако сите активности не се соодветни за некои учесници (на пример, некои учесници имаат силни емоционални реакции – особено земајќи ја предвид темата за помирување, или пак имате планирано вежба што подразбира физичка активност, но од друга страна исто така имате учесник во инвалидска количка)? Дали ќе го промените пристапот и ќе ја измените содржината на таков начин што нема да ја изгуби својата смисла или тотално би ги прескокнале таквите активности?
  • Доколку учесниците секогаш доцнат на првата работилница: дали ќе ја одложите за 1 час или ќе ги скратите паузите за да го надоместите изгубеното време?
  • Честопати има индивидуи кои го одвлекуваат вниманието на групата преку предизвикување на конфликтни ситуации или создавајќи негативна атмосфера – замислете во нашиот случај имаме учесници од конфликтни области! Дали ќе се обидете приватно да разговарате со нив и да најдете начини да ги интегрирате повторно во групата или сосема ќе ги исклучите?

Ова се само неколку примери на ситуации што може да ги сретнете при реализација на овој проект, но списокот може да вклучува и неочекувани проблеми поврзани со транспорт, пасоши и визи, задоцнета испорака на печатени материјали, финансиски прашања итн. Невозможно е да се предвиди сè (освен ако не поседувате некои натприродни вештини во претскажување), сепак, можете малку поинтензивно да размислите и да подготвите резервен план за овие сценарија. За да го направите поконкретен и применлив, искористете го следниов образец како водич низ процесот:

50%